Овој Договор за правилата и условите за користење на услугата („Договор”, „Правила и услови за користење”, „Услови на користење”, „Услови”, „Услови за употреба”) е договор помеѓу Вас („корисникот”) и КИТ ХОРЕЦА ГРОУП ДООЕЛ Скопје („https://kithorecagroup.mk/”, „ние”)
Со користењето и/или посетувањето на интернет-страницата kithorecagroup.mk („КИТ ХОРЕЦА ГРОУП”, „интернет-страницата”,) и/или која било под интернет-страница на kithorecagroup.mk и со користењето на некоја од услугите на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП, Вие се согласувате со Договорот за правилата и условите за користење на услугата и со политиката на приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата КИТ ХОРЕЦА ГРОУП.
Условите за користење претставуваат обврзувачки правен Договор помеѓу Вас како корисник („Вие”), КИТ ХОРЕЦА ГРОУП и подружниците и / или соработниците на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП.
Со овој Договор се утврдуваат правилата и условите за користење кои претставуваат законски обврзувачки услови за користење на услугите на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП и ќе се применуваат за сите корисници на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата, вклучувајќи ги и корисниците кои нудат содржини и / или други материјали или услуги на или преку интернет-страницата. Со користењето на услугите на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП, вие сте согласни да се обврзете со овој Договор. Овластување и дозвола да ги користите услугите на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП имате единствено доколку се согласувате да ги почитувате и да се придружувате кон сите применливи закони и кон овој Договор.
Ве молиме, внимателно да го прочитате овој Договор и да го чувате. Доколку не се согласувате со него, треба веднаш да ја напуштите КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата и да ја прекинете употребата на услугите на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП. Доколку сакате да станете корисник и да ги користите КИТ ХОРЕЦА ГРОУП услугите, мора да го прочитате овој Договор за време на процесот на користење на веб страницата.
Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам” копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).
КИТ ХОРЕЦА ГРОУП може повремено да прави измени во Договорот, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавувањето на Интернет-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.
ОПИС НА УСЛУГАТА
КИТ ХОРЕЦА ГРОУП на корисниците им овозможува влез на интернет страницата и разгледување на понудената содржина и услуги (целата содржина е во сопственост на “КИТ ХОРЕЦА ГРОУП” и дозволено е спуштање на одредени фотографии и видеа само со дозвола на админите на веб страницата) и истите корисници може да нарачаат било која од понудените услуги преку телефонски број, меил или директно преку контакт форма.
ПРАВИЛА
Вие сте согласни дека нема да:
КИТ ХОРЕЦА ГРОУП може да утврди, според свое сопствено убедување, дали некој од корисниците ги прекршува овие правила или политики.
Ние го задржуваме правото да затвориме корисничка сметка или корисник кој ги прекршил горенаведените забрани.
Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности или пак прекршила некое од нашите наведени правила на користење, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти.
БЕЗБЕДНОСТ
Вие сте одговорни за одржувањето на безбедноста на Вашата корисничка сметка и содржини. Исто така, целосно сте одговорни за сите активности регистрирани на корисничката сметка и за сите други активности поврзани со Вашата интернет-страница. Се согласувате дека веднаш ќе го известите КИТ ХОРЕЦА ГРОУП во писмена форма за секоја неовластена употреба на Вашата корисничка сметка или некоја друга форма на нарушувањата на безбедноста. Ние не можеме и нема да бидеме одговорни за загуба или штета како резултат на неисполнување на оваа обврска за безбедност. Вие потврдувате и се согласувате дека под никакви околности КИТ ХОРЕЦА ГРОУП нема биде одговорна, на било кој начин, за дејства, пропусти или грешки од страна на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП корисник или трето лице, вклучувајќи и штети од кој било вид кои би се јавиле како резултат на таквите акти, пропусти или грешки.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ “КАКО ШТО СЕ”, “КАКО ШТО Е ДОСТАПНО”, “СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ” И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.
КИТ ХОРЕЦА ГРОУП И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.
ЌЕ НАПРАВИMЕ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА УСЛУГАТА, ПРИТОА НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ ГО ГОРЕНАВЕДЕНОТО, МЕЃУТОА НИТУ “КИТ ХОРЕЦА ГРОУП” НИТУ НЕЈЗИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СОДРЖИНИТЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ДЕКА ДЕФЕКТИТЕ, ДОКОЛКУ ГИ ИМА, ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ; ИСТО ТАКА НИТУ КИТ ХОРЕЦА ГРОУП ИЛИ НЕГОВИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ И ДА ГАРАНТИРААТ ЗА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА, ВАЛУТАTA, КВАЛИТЕТOT, КОМПЛЕТНОСТА, КОРИСНОСТА, ПЕРФОРМАНСИTE, БЕЗБЕДНОСТA ИЛИ СООДВЕТНОСТА НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ ИЛИ ЗА САМАТА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРАТЕНА НИВ ЗА ЛИЧНИ, МЕДИЦИНСКИ, ПРАВНИ ИЛИ ФИНАНСИСКИ ОДЛУКИ И ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО СООДВЕТЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ЗА КОНКРЕТЕН СОВЕТ СОГЛАСНО СО ВАШИОТ ПРОБЛЕМ.
ПОКРАЈ ОВА, НИЕ НЕ СМЕ ОДГОВОРНИ, НИТУ ПАК ЌЕ ГАРАНТИРАМЕ ЗА ИСПОРАКАТА НА ПОРАКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА. НИТУ НИЕ, НИТУ ТРЕТИ ЛИЦА, ОДНОСНО ПАРТНЕРИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СЕРВЕРИТЕ, СОДРЖИНАТА, УСЛУГИТЕ ИЛИ E-ПОРАКИТЕ ИСПРАТЕНА ОД ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ТРЕТИ ЛИЦА/ПАРТНЕРИ СЕ ЧИСТИ ОД ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ.
ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕСТАНОК
Услугата може да биде прекината од нас, без причина, во секое време. Услугата може да биде прекината од Вас, без причина, следејќи ги процедурите за откажување. Можете да ја откажете услугата во секое време. КИТ ХОРЕЦА ГРОУП може да ја прекине услугата во секое време, без казна и без претходна најава, доколку не исполните некој од условите во Договорот или ја прекршите заштитата на интелектуалната сопственост која се применува на оваа услуга.
По прекинот може да добиете известување за прекин на услугите пратено на е-адресата од Вашата корисничка сметка. По раскинувањето, ние имаме право да ги избришеме сите податоци, датотеки, кориснички содржини или други податоци кои се чуваат во/за вашата корисничка сметка.
Може да ја измениме, замениме, да одбиеме пристап до, суспендираме или прекинеме услугата, делумно или целосно, или да додадеме и промениме цени за сите или дел од услугите наменети за Вас или за сите наши корисници во секое време и по наше сопствено убедување. Промените ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на интернет-страницата или преку директна комуникација со Вас, освен ако тоа јасно не е наведено поинаку.
Понатаму, ние го задржуваме правото да задржиме, отстраниме или отфрлиме корисничка содржина достапнa како дел од Вашата корисничка сметка, со или без известување доколку сметаме дека е спротивно на овој Договор. За избегнување на недоразбирање, немаме обврска за чување, одржување или обезбедување на копии од содржина поставена од вас или останатите корисници при користење на услугата.
ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Интернет-страницата може да содржи содржини или линкови до други интернет-страници кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола..
ПРИВАТНОСТ
Ви препорачуваме да ја прочитате нашата политика за приватност и да ги искористите информациите со цел да донесете одлуки кои се темелат на информираност. Ве молиме имајте предвид дека одредени информации, изјави, податоци и содржини (како што се фотографии) кои ќе ги објавите на интернет-страницата, најверојатно може да го откријат Вашиот пол, етничка припадност, националност, возраст, и/или други лични информации за Вас. Вие прифаќате и сте согласни дека објавувањето на таквите информации е доброволно и со ваша согласност. Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во политиката за приватност.
ОСТАНАТО
Овој Договор може да се менува само преку писмена измена потпишана од овластен извршен директор на КИТ ХОРЕЦА ГРОУП или со објава од КИТ ХОРЕЦА ГРОУП на ревидирана верзија.
Преовладувачката страна во постапка со цел да се спроведе овој договор има право на трошоци и адвокатски хонорари. Доколку некој дел на овој Договор се смета за неважечки или неприменлив, само тој дел ќе се толкува со цел да ја одрази оригиналната намера на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и ефект.
КИТ ХОРЕЦА ГРОУП може да ги пренесе своите права според овој Договор без услови. Договорот ќе биде обврзувачки и потоа, и ќе биде во сила во корист на потписниците, нивните наследници и назначени лица.
Се согласувате дека: а) КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата ќе се смета исклучиво со седиште во Република Македонија; и КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата ќе се смета за пасивна интернет-страницата која не подлежи на други надлежности, ниту специфични, ниту општи, освен надлежностите во Р. Македонија. Овие услови се регулирани со интерни закони на Република Македонија, без оглед на нивниот судир со законските принципи.
За било какво тврдење или спор меѓу вас и КИТ ХОРЕЦА ГРОУП, кое целосно или делумно произлегува од КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата, одлучува исклучиво надлежниот суд со седиште во Скопје, Р. Македонија. Примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки е изрично исклучена. Условите за користење, заедно со политиката за приватност и секоја друга правна норма објавена од нас на интернет-страницата, ќе го сочинуваат целосниот договор меѓу вас и КИТ ХОРЕЦА ГРОУП во врска со КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата. Ако некоја одредба од условите за користење се смета за неважечка од страна на надлежниот суд, невалидноста на таквата одредба не влијае врз валидноста на останатите одредби од условите на користиње, кои ќе останат во полна сила и ефект. Откажувањето од некој од условите нема да се смета за постојано откажување од таквиот услов или од некој друг услов. Неможноста КИТ ХОРЕЦА ГРОУП да потврди право или одредба од овие услови нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Вие и КИТ ХОРЕЦА ГРОУП се согласувате дека даден спор кој би произлегол од или е поврзан со КИТ ХОРЕЦА ГРОУП интернет-страницата мора да започне во рок од една (1) година по појавување на причината за спорот. Во спротивно, таквиот спор ќе биде трајно забранет.
Вие не можете да ги пренесете вашите права или обврски кои произлегуваат од овој договор на некој друг без наша претходна писмена согласност.
Доколку за некој дел на овој договор се утврди дека е неспроведлив, остатокот ќе биде во полна сила и ефект.
Доколку не успееме да спроведеме некој дел од овој договор, тоа нема да се смета за откажување од тие услови.
Ние го задржуваме правото, во било кое време и од време на време да ја менуваме или прекинеме, привремено или постојано, услугата (или некој нејзин дел) со или без претходна најава. Вие се согласувате дека КИТ ХОРЕЦА ГРОУП нема да бидат одговорен кон вас или кон трета страна за некоја промена или прекин на услугата.
Ние не сме одговорни ако некое електронско известување биде фатено од страна на вашиот спам филтер и Вие не сте го виделе; ако сте ни дале погрешна е-адреса (или не сте ја ажурирале вашата е-адреса) или ако постојат други проблеми при комуникацијата кои би го спречиле стигнувањето на е-пораката до Вас. Поради тоа, Ве охрабруваме често и периодично да ја посетуваате оваа страница и да ги следите сите промени. Употребата на, или пристапот до услугата, откако ќе бидат објавени промени кон овој Договор, во исто време претставува и прифаќање на тие промени.
Прашања, коментари, предлози, идеи, одговори или други информации дадени од Ваша страна („коментари”) не се доверливи и со тоа ни давате глобална, постојана, неотповиклива, бесплатна лиценца за репродукција, прикажување, извршување, дистрибуирање, објавување, модифицирање, уредување или користење друг начин, според нас соодветен, за комерцијални и/или некомерцијални цели, според нашето сопствено убедување.
Може да воспоставиме општи практики и ограничувања во врска со просторот и користењето на услугата и да ги менуваме од време на време со или без известување.
Условите се исто така важечки и за време на употребата на услугата во пробниот период.
Вие потврдувате дека Вашата земја на престој е иста со адресата на вашата платежна адреса.
Без противречност на било што друго содржано во овие Услови, доколку ја користите интернет-страницата и/или услугите во име на друг субјект, Вие потврдувате дека сте целосно овластени да ги прифатите овие услови во име на субјектот, и дека тој субјект се согласува да Ве обесштети Вас и КИТ ХОРЕЦА ГРОУП доколку има прекршување на условите.
Ние и нашите соработници не гарантираме дека услугата, како и содржините или интернет-страницата се соодветни или достапни за употреба во сите географски локации. Доколку ја користите интернет-страницата, услугата или содржините надвор од Македонија, самите сте одговорни за почитувањето на сите важечки закони, вклучувајќи ги, без ограничување и прописите за извоз и увоз на други земји.
Во иднина, преку интернет-страницата може да понудиме нови услуги и/или можности (вклучувајќи и нови производи и ресурси). За избегнување на недоразбирања, сите нови функции и/или услуги се исто така предмет на условите на овој Договор.